Од Секторот за урбанизам апелираат да не се оштетува вертикалната сообраќајна сигнализација

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во координација со стручни лица од Секторот за урбанизам и комунални работи при општина Струмица продолжуваат со комплетирање на вертикалната сообраќајна сигнализација.

Во текот на овој месец се извршени 60 интервенции и тоа замена, обновување и поставување нови сообраќајни знаци на 70 улици во централниот и периферниот дел на градот и во населените места. Вертикалната сообраќајна сигнализација се поставува на места каде имало, а од разни причини била отстранета, а исто така се поставува и на нови локации на кои по извршениот увид е утврдено дека треба да има заради зголемување на безбедноста во сообрќајот.

Од Секторот за урбанизам и комунални работи воочиле оштетувања на вертикалната сообраќајна сигнализација околу основните и средните општински училишта и апелираат до сите граѓани да ја почитуваат и да не ја оштетуваат, затоа што вертикалната сообраќајна сигнализација е во функција на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на територијата на општина Струмица.

Comments are closed.