Беласица со сигурна победа против Овче Поле

Фудбалерите на Беласица славеа со 3:1 на домашен терен против Овче Поле во рамките на заостанатиот натпревар од 4-тото коло. Стрелци за домаќините беа Цонев кој што успеа два пати да ја погоди противничката мрежа и Костовски кој што постигна еден погодок.

Со оваа победа Беласица сега се наоѓа на лидерската позиција со 13 бодови, на второто место е Плачковица со 11 бодови. На дното од табелата и понатаму 14 Октомври 1946 тим кој што засега нема се уште освоено бодови и едно место погоре односно на 11-тото место Слога 1934 со 3 освоени бодови.
Во следното коло Беласица игра против тимот на Тиверија.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.