„Крвави свадби’’ утре премиерно пред струмичката театарска публика

Во одбележување на 65 – годишнината од постоењето,  во Народен театар „Антон Панов’’ утревечер премиерно ќе биде изведена претставата  „Крвави свадби’’, работена по текстот на Фредерико Гарсија Лорка, во режија  на Љупчо Ѓоргиевски.

„Крвави свадби’’  преставува лирска, љубавна трагедија, во која невестата го напушта младоженецот на денот на свадбата и бега со бившиот свршеник.

„Ние се обидовме на современ начин  да ја раскажеме приказната за љубовта, страста, омразата, традицијата и  моралот на сцената. Се надеваме дека утревечер ќе докажеме дека сме успеале во тоа’’ – вели режисерот Ѓоргиевски.

Премиерата е закажана за утре, (25 септември) во 20 часот.

Comments are closed.