Швајцарскиот хор ги воодушеви струмичани со изведбата на македонски песни

По посетата на неколку македонски градови, машкиот хор од Швајцарија ,,Хариони де Кампањ‘‘ синоќа настапи и во Струмица. Четириесет и пет хористи изведоа фолклорни и духовни песни на француски и англиски јазик, а публиката во НУЦК „Антон Панов’’ посебно ја воодушевија кога отпејаа и неколку изворни македонски песни.

Концертот во Струмица на ,,Хариони де Кампањ‘‘, кој во 2018 година ќе прослави 150 години од основањето, е одржан во рамките на проектот  ,,Караван низ Македонија‘‘, во организација на Македонско добротворно друштво ,,Македонија од Ешалан” (Швајцарија), а под покровителство на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

Покрај гостите од Швајцарија, на концертот синоќа настапи и КУД ,,Гоце Делчев‘‘ од Босилово и групите ,,Јупитер‘‘ и ,,Пицикато‘‘ како и претставници на ,,Струмичката естрада‘‘.

Comments are closed.