Поради дефект прекинато е водоснабдувањето на неколку улици во градот

Поради отстранување на дефект во водоводната линија на улицата „Младинска“, до 15 часот без вода за пиење ќе бидат водокорисниците на следните улици и булевари: булевар „Гоце Делчев“, улица „Ѓорѓи Трајков“, улица „Младинска“ на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „Ѓорѓи Трајков“, и улицата „Балканска“ на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до булеварот „Маршал Тито“.

Comments are closed.