Делегација од Швајцарија оствари средба со бизнис заедницата на Струмица

Во рамките на посетата од страна на друштвото „Македонија“ од Ешалaн, Швајцарија, денеска во хотелот „Глигоров“ се одржа средба со бизнис заедницата од општина Струмица на која земјоделието  и трговијата беа главни теми за дискусија. Гостите од Швајцарија и останатите присутни на средбата ги поздрави градоначалникот Зоран Заев, кој го потенцираше значењето на ваквите бизнис средби.Сакам денеска со оваа презентација да ја искористиме можноста за градење на соработки, покрај општествените, што еве ние како општина ги воспоставуваме.

Се работи за исклучителни луѓе кои се високо позиционирани во швајцарското општество, а се со нас, едниот е Жан Лук Безенсон, кој што е градоначалник и пратеник во кантоналното собрание, а воедно и експерт за заштита од временски непогоди, но тука е и еден исклучителен човек, Кристијан Жаку, кој е претседател на групацијата FENACO  во делот на земјоделието, огромна асоцијација која во себе вклучува 11 илјади производители и целото ова искуство кое што во Швајцарија го имаат секако, би било драгоцено да го чуеме и овде, бидејќи самата групација има годишен промет од 9 милијарди швајцарски франци, кое само по себе покажува за колкава голема и моќна организација се работи, рече градоначалникот Заев.

На средбата, гостите од Швајцарија ги пренесоа искуствата од заштитата од временски непогоди и европски осигурителни компании за заштита на земјоделието и за новите методи во аграрот, лични искуства на компанијата FENACO која има 11.000 вработени и 9 милијарди остварен приход во 2013 година, но и ја истакнаа желбата за соработка.

Задоволен сум од средбата и секако можна е понатамошна соработка иако постои голема разлика во условите на живеење и стопанисување меѓу двете земји. Швајцарија нема да биде скржава во давање на совети, рече Жан Лук Безенсон.Од името на струмичката бизнис заедница на гостите од Швајцарија им се заблагодари Стојан Иванов.Присуствуваме на една прекрасна презентација од која видовме како во Швајцарија се осигуруваат земјоделските производи од временски непогоди, како тие се организирани во кооперации и како сето тоа функционира.Разменивме контакти и се надевам дека во иднина ќе ги искористиме за поконкретна соработка, рече Иванов.

Comments are closed.