Тиверија со победа во петото коло Беласица ремизираше со Баби

Фудбалерите на „Тиверија“ во петото коло славеа со резултат од 2:1 против тимот на „Слога 1934“. „Тиверија“ после оваа минимална победа се искачи едно место погоре на табелата односно сега е на осмото место со 7 бодови. „Слога“ по пораз од „Тиверија“ од 10-тото место се сели на 11-тото место со 3 бодови. Во следното коло фудбалерите на „Тиверија“ силите ќе ги одмерат со градскиот ривал „Беласица“.

„Беласица“ не успеа да слави над „Баби“ како гостин во натпревар кој заврши со резултат 1:1. После реми натпреварот „Беласица“ останува на втората позиција со 10 бодови и натпревар помалку од лидерот „Плачковица“. Како што веќе спомнавме во текстот погоре, фудбалерите на „Беласица“ во следното коло ќе играат против тимот на „Тиверија“. Заостанатиот натпревар со тимот на „Овче Поле“, „Беласица“ ќе го одигра во среда.

Лидер на табелата после пет одиграни кола е „Плачковица“ со 11 бодови, на второ место е „Беласица“ која што место го дели со „Напредок З. Радово“ кој што имаат по 10 бодови.
На дното од табелата е и понатаму „14 Октомври 1946“, тим кој што засега нема освоено бодови и едно место погоре односно на 11-тото место е „Слога 1934“ со 3 бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.