Струмица се приклучи во одбележувањето на Денот без автомобили

И струмичани утрово  учествуваа во одбележувањето на светскиот Ден без автомобили  и   промовирање на велосипедот како алтернативна мерка за транспорт.

Велосипедската поворка на учениците и граѓаните, предводена од градоначалникот Зоран Заев,  започна на плоштадот „Гоце Делчев“ низ Булеварот „Маршал Тито“ до кружниот тек кај ЕВН и назад.

Во истото време.  учениците од ликовните секции од основните и средните општински училишта на плоштадот цртаа на темите: Ден без автомобили, ЕУ, Струмица на велосипед, екологија, алтернативни начини на транспорт.

Светскиот ден без автомобили се одржува во рамките на проектот „Европската недела на мобилност“  кој  има за цел  воведувањеи промовирање на  нови алтернативни мерки за транспорт кои ќе бидат одржливи и ќе придонесат кон намалување на загаденоста на животната средина и подигање на свеста кај граѓаните за употребата на автомобилите и намалување на штетните емисии на гасови во воздухот.

 

Comments are closed.