Приклучете се на работилницата „Вовед во претприемништво и менаџмент“

Проектот „Биди и ТИ претприемач“ има за цел да ги промовира претприемништвото,

креативноста и проектниот менаџмент помеѓу младите луѓе во насока на искористување на своите

капацитети, како реална опција за вработување и стекнување на сопствени приходи. Учесниците

од овој проект ќе имат можност да се запознаат со карактеристиките на еден претприемач, кои во

себе вклучуваат креативност, амбиција, способност за донесување одлуки и преземање на ризици.

Преку овој проект се иницира создавање на концепт преку кој младите луѓе „проблемите“ ќе ги

гледат како можности, а потоа да дејствуваат со цел да се изнајде решение за нив.

Проектот исто така има за цел да го промовира претприемништвото и проектниот

менаџмент како клучни алатки на модерното време, а преку работилниците, дискусиите,

теоретските предавања и практична работа младите да ја развиваат својата креативност, да го

прошират хоризонтот на своите знаења, да размислуваат во насока на создавање на сопствен

бизнис и да создадат работна навика.

Право на конкурирање за работилниците имаат сите на возраст од 16 до 29 години.

Работилницата „Вовед во претприемништво и менаџмент“ ќе се одржи на 16 и 17 октомври во

малата сала на Дом на АРМ.

Сите заинтересирани треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/17faW6yAC5LymMsen4OEyuhV4es7GzG4FzZanzzZoohM/viewform

Рокот за доставување на апликацијата е до 8 октомври.

Приемот на Вашата апликација ќе биде потврден со електронска порака.

Comments are closed.