ПХВ неделата во Струмица ќе се одбележи со флеш моб

Во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата (промоција на хумани вредности), Црвениот крст на Македонија организира заедничко танцување со кореографија на песната „Happy’’ од Фарел Вилијамс во сите градови каде постои оваа хуманитарна организација.

Во одбележувањето ќе биде вклучен и Црвениот крст – Струмица, а настанот ќе се одржи на 27 септември, со почеток во 12 часот, на плоштадот „Гоце Делчев’’.

„Преку танцувањето младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме’’ – порачуваат од Црвениот крст.

Comments are closed.