Се уредуваше дворот пред струмичката противпожарна станица

Пожарникарите и тимот на Еколошкото друштво „Планетум’’ денеска го уредуваше дворот пред зградата на Територијално противпожарната единица во Струмица. Засадување на цвеќе и озеленување на  површината е дел од акцијата  „Go green be a  part of gerilla gardening team’’ (Биди зелен, биди дел од герила тим) која ЕД „Планетум’’  ја спроведува со цел за промена со урбано уредување кое ја нагласува  важноста на растенијата, и на природата воопшто,  како и  подигање на свеста кај граѓаните  и нивно вклучување во заштита на животната средина.

Од мај месец, од како трае оваа акција, ЕД „Планетум’’ има спроведено осум работилници за реупотреба на отпад (пластика, дрво, лименка, гума), а во текот на наредниот прериод ќе следи уште четири герила градинарски акции кои ќе се спроведат заеднички со учениците од СОУ „Димитар Влахов’’.

 Проектот „Go green be a  part of gerilla gardening team’’ е финансиран преку мрежата ЕВН.нет, подржан од градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Одделението за животна  средина, ЈКПД „Комуналец’’ и СОУ „Димитар Влахов’’.

Comments are closed.