Здружението „НОВУС“ реализираше уште една работна средба во средните училишта

Здружението „НОВУС“ ги продолжува своите работни средби со претставниците на средните училишта за потребите на проектот „Биди и ТИ претприемач“. По одржаната средба со претставниците од СОУ „Никола Карев“, здружението одржа работна средба и во СОУ „Јане Сандански“, претставувано од директорката Вања Изова-Велева и професорот Борче Атанасов. На средбата се разговараше за целите на проектот, можноста за идна соработка, како да се поттикнат младите да го искористуваат својот капацитет и да ги развиваат вештините, но и кои се придобивките од претприемништвото и креативното размислување. Воедно овие средби се користат и да се слушне ставот на претставниците од СОУ „Јане Сандански“ во врска со оваа област и како да се изгради заедничка платформа преку формалното и неформалното образование младите да размислуваат во насока на отпочнување на сопствен бизнис.

Покрај работните средби, наскоро ќе биде организирана и тркалезна маса и со струмичката бизнис фела, а предмет на дискусија ќе бидат можностите за претприемништво и моментални текови од оваа област, нивните искуства во започнувањето на бизнисот, но и како заедно, од практичен и теоретски аспект, да се придонесе на иновацијата и претприемништото младите луѓе да гледаат како есенцијални алатки на 21 век.

 

 

 

Comments are closed.