В понеделник да ги замениме автомобилите со велосипеди

Општина Струмица со повеќе активности кои ги реализираше во изминатите три дена, се вклучи во проектот „Европска недела на мобилност – нашите улици, наш избор“ а посебен акцент се става на 22 септември – Ден без автомобили.

Одбележувањето на овој светски ден ќе почне во 10 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ каде учениците од ликовните секции од основните и средните општински училишта ќе цртаат на темите: Ден без автомобили, ЕУ, Струмица на велосипед, екологија, алтернативни начини на транспорт и други слични теми. На присутните ќе им се обрати градоначалникот Зоран Заев, а потоа ќе се возат велосипеди од плоштадот, по булеварот „Маршал Тито“ до кружниот тек на ЕВН и назад по истата траса.

Целта е да се воведат и промовираат нови алтернативни мерки за транспорт кои ќе бидат одржливи и ќе придонесат кон намалување на загаденоста на животната средина и подигање на свеста кај граѓаните за употребата на автомобилите и намалување на штетните емисии на гасови во воздухот.

Општина Струмица ги поканува граѓаните за помасовно учество на овој настан и автомобилите, барем на еден ден, да ги заменат со велосипеди и сите заедно да дадеме заеднички придонес во подобрувањето на квалитетот на животот во нашиот град.

Comments are closed.