Швајцарски хор ќе настапи во Струмица

На 22 септември (понеделник), со почеток во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура ,,Антон Панов‘‘ ќе се одржи концерт на кој ќе настапи машкиот хор ,,Хариони де Кампањ‘‘ од Швајцарија.

Покрај гостите од Швајцарија, учество на концертот ќе земат и КУД ,,Гоце Делчев‘‘ од Босилово и групите ,,Јупитер‘‘ и ,,Пицикато‘‘ како и претставници на ,,Струмичката естрада‘‘.

Концертот во Струмица е дел од проектот ,,Караван низ Македонија‘‘, организиран од Македонското добротворно друштво ,,Македонија од Ешалан (Швајцарија), а под покровителство на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

Comments are closed.