Од 10 до 12 часот без вода ќе бидат улиците „Маршал Тито“ и „Страшо Пинџур“

Поради отстранување на дефект во водоводната линија, во периодот од 10 до 12 часот, без вода ќе бидат водокорисниците на улицата „Маршал Тито“ на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Први мај“. Исто така, од ЈПКД „Комуналец“ информираа дека во истиот временски период прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата „Страшо Пинџур“.

Comments are closed.