Краделе ореви па го натепале сопственикот

СВР Струмица поднесе кривична пријава и известување против М.П. (23), О.П (38), Н.П (16), како и против четиринаесет и дванаесет годишно дете, сите од с. Ангелци, за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

На 17.09.2014 година, првопријавениот заедно со трето пријавениот од нива, сопственост на З.Т. лоцирана во атарот на с. Ангелци, додека краделе ореви биле затекнати од сопственикот по што настанала вербална расправија и пријавените си заминале.

По кратко време истите заедно со останатите пријавени се вратиле и со употреба на физичка сила и тврд предмет го нападнале оштетениот нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Comments are closed.