Струмички карневалски групи учествуваа на хрватскиот карневал

Струмичките карневалски групи од СОУ „Димитар Влахов” Струмица и карневалската група „Мулен Руж” учествуваа  на 7-от меѓународен Брачки карневал на карневалските поворки во местата Супетар и  Бол, на островот Брач, Р.Хрватска, со маските „Ветерниците на Дон Кихот” и „Бисерно благо”.

Пред официјалната програма струмичките карневалисти беа дел и од манифестацијата со хуманитарен карактер за прибирање средства  со продажба на домашен ајвар и сирење како наши традиционални производи.

Карневалот се одржа на 13 и 14 септември, а карневалистите од Струмица со своите  костуми и подготвените  кореографии  и овој пат  успееја да ги импресионираат домаќините и гостите во Хрватска.

Comments are closed.