Здружението „НОВУС“ оствари работна средба со претставници на СОУ „Никола Карев”

Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Биди и ТИ претприемач“ одржа работна средба со професори и претставници од СОУ „Никола Карев“ од општина Струмица. На средбата се разговараше за целите на проектот, можностите што ги нуди претприемништвото, како да се поттикнат младите да го искористуваат својот капацитет во насока на започнување нов бизнис, но и да се воспостави долгорочна соработка каде што младите преку формите на неформално образование ќе ги зголемуваат претпримачките капацитети.

- Ова е само една од средбите кои што планираме да ги одржиме со професори и претставници од средните училишта. Ќе бидат опфатени сите средни општински училишта во Струмица, а целта ни е да го промовираме претприемништвото како важна алатка за секој млад човек, а преку разговорите со професорите сакаме да го слушнеме нивниот став во врска со оваа област и како заедно да придонесеме преку формалното и неформалното образование младите да размислуваат во насока на отпочнување на сопствен бизнис. Сакаме преку овој проектен циклус да ги  промовираме можностите што ги нуди претприемништвото и да ја подигнеме јавната свест во врска со оваа модерна алатка.  Покрај работните средби, наскоро ќе организираме и тркалезна маса и со бизнис секторот од нашата општина каде што предмет на дискусија ќе бидат можностите за претприемништво и моментални текови од оваа област, нивните искуства во започнувањето на бизнисот, но и како заедно, од практичен и теоретски аспект, да придонесеме на иновацијата и претприемништото младите луѓе да гледаат како есенцијални алатки на 21 век“, рече Глигор Ризов од здружението „НОВУС“.

Инаку проектот „Биди и ТИ претприемач“ е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на програмата G1 од областа на локалниот економски развој, културата, образованието, здравствената заштита, заштитата и унапредувањето на животната средина, младите и младинските политики.

Comments are closed.