Вработените во „Комуналец“ го чистат населеното место Куклиш

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го чистат населеното место Куклиш. Генералното чистење почна вчера, рачно и со механизација, се собира разновидниот отпад и се чистат улиците од наносите наталожени од поројните дождови. П

о завршувањето во Куклиш, акцијата на генерално чистење по населените места ќе продолжи во населеното место Вељуса, односно ќе се чисти и уредува патот од двете страни што води кон манастирот „Св. Богородица Елеуса“. Паралелно со населените места се чистат и јавните површини во градот. Денеска се чистеа површините околу „Стариот суд“ во Струмица.

Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните на општина Струмица отпадот да го фрлаат на места определени за него и посовесно да се однесуваат кон јавните површини.

Comments are closed.