Во понеделник масовно возење на велосипеди во Струмица

И Струмица ќе учествува во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили, на 22 септември, кога ќе се  промовира велосипедот како алтернативна мерка за транспорт.

Велосипедската поворка на учениците и граѓаните ќе започне на     плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се движи по булеварот „Маршал Тито“ до кружниот тек кај ЕВН и назад.

Светскиот ден без автомобили се одржува во рамките на проектот „Европската недела на мобилност“.

 

Comments are closed.