Тиверија со бод се врати од гостувањето кај Плачковица

Фудбалерите на „Тиверија“ во рамките на четвртото коло во третата лига – Исток на гостувањето кај „Плачковица“ одиграа нерешено 0:0. „Тиверија“ и понатаму останува на деветото место со 4 бодови, додека тимот на „Плачковица“ сега се наоѓа на лидерската позиција со 10 бодови. Во следното коло „Тиверија“ на домашен терен ќе ги пречека фудбалерите на „Слога 1934“, а натпреварот започнува во 15:30ч. „Беласица“ во среда со почеток во 16 часот на домашен терен ќе го пречека тимот на Овче Поле.

Лидер на табелата е „Плачковица“ со 10 бодови, а на второто место е „Беласица“ со 9 бодови и еден натпревар помалку од тимот од Радовиш. На дното од табелата и понатаму остануваат „14 Октомври 1946“ и „Работник Џумајлија“ кој што засега немаат освоено бодови.

 

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.