Започна „Европската недела на мобилност“ и во Струмица

Преставниците на Одделението за локален економски развој во Домот на АРМ одржаа презентација на тема „Пристапност до јавен транспорт и мобилност“ на која лицата со посебни потреби дискутираа со претставниците од јавните институции и Општината за проблемите со кои се соочуваат и кои мерки треба да се преземат за нивното решавање.

Како активностите на проектот, на 18 септември ќе се спроведе теренски увид во неколку улици во градот, а граѓаните ќе можат да го изнесат своето мислење за каква е состојбата на тротоарите и улиците, фрлањето на отпадоци, дали во Струмица правилно се паркираат возачите, и слично.

На 22 септември ќе се одбележи и Денот без автомобили , кога ќе се затвори една сообраќајница во градот за движење на велосипедисти, пешаци или јавен транспорт.

Со тоа ќе се упати порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, со избирање на „паметен” начин на транспорт, што би значело да се користат предностите на современиот урбан начин на живеење и да се овозможи зачувување на почиста животна средина,  редуцирана бучава,  подобрено здравје и заштеден семеен буџет.

Comments are closed.