Четири лица повредени во сообраќајни незгоди во Струмица

Една покарактеристична кражба се случила во текот на минатата недела кога од нива крадци ограбиле канадски тополи, известуваат од СВР Струмица.

Во последниве седум дена во полицијата се пријавени два физички напади и една тепачка, а се случиле и четири сообраќајни незгоди со потешки последици поради непочитување на право на првенство на минување, возење под дејство на алкохол и неправилно престигнување.

Во незгодите се повредени три мотоциклисти и возач, а направената вкупна материјална штета изнесува 100 илјади денари.

Полицијата спровела и трите акциски контроли: откривање на возачи кои управуваат под дејство на алкохол, на прекршоци што ги чинат мотоциклистите и контрола на брзината на движење на возилата. Во акциите се констатирани вкупно 76 прекршоци.

Comments are closed.