Турново со минимална победа го совлада Металург

Турново во рамките од седмото коло во ПМФЛ со минимален резултат од 1:0 го совлада тимот на Металург. Единствениот погодок на овој натпревар беше постигнат од страна на Милушев во 96 минута од натпреварот. Турновци после овој тежок натпревар остануваат и понатаму на седмата позиција со 10 бодови.
Во следното коло Турново ќе гостува кај Ренова, тим кој што се наоѓа 8-тата позиција со 9 бодови.

Лидер на табелата останува и понатаму Вардар со 15 бодови, Силекс по поразот од Шкендија е на третата позиција додека на второто место е Пелистер со 13 бодови. На дното од табелата се наоѓа тимот на Тетекс со само два освоени бодови, а едно место погоре односно на 9 место е Брегалница со 3 бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.