Одржан планинарски марш по повод еден милениум од Беласичката битка

Општина Струмица и ПАОК „Ентузијаст’’ вчера организираше планинарски марш по повод одбележувањето на 1000 години од Битката на Беласица.

Маршот започна во село Колешино и преку селата Костурино, Раборци и Попчево заврши во селото Водоча.

Градоначалникот Зоран Заев се придружи на љубителите на пешачењето и членовите на планинарските друштва во селото Водоча каде им честиташе на успешно изведеното марширање покрај врнежливото време, а потоа и подели благодарници за учеството.

Comments are closed.