Почна планинарскиот марш по повод 1000 години од битката на Беласица

Денеска почна планинарскиот марш од селото Колешино до селото Водоча, а по повод одбележувањето на 1000 години од битката на Беласица. Во маршот што го организираат општина Струмица и ПАОК „Ентузијаст“ учествуваат членови на поголем број планинарски друштва.

На планинарите утре ќе им се придружат и граѓаните, љубители на пешачењето, за нив стартот е од „Ловен дом“ во Струмица во 10 часот. Сите заедно, планинарите и граѓаните, утре, во попладневните часови ќе пристигнат во селото Водоча. Таму, ќе ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој  на планинарските друштва ќе им врачи благодарници за учество во маршот.

Comments are closed.