Бајруш Мјаку е добитник на златниот медаљон со ликот на Шишков

Златниот медаљон со ликот на Ристо Шишков и паричната награда од 1500 евра на овогодишниот Фестивал на камерен театар „Ристо Шипков’’ замина  во рацете на македонскиот актер Бајруш Мјаку.

Според оцената на жири комисијата, единственото актерско признание Мјаку го доби за улогата на доктор Стокман во драмата  „Народен непријател’’ поради „особено сугестивна актерска креација која го одврзува неговиот творечки капацитет на исклучителен актер со меѓународно реноме и придонес во растежот на меѓународниот фестивал во Струмица’’.

На фестивалот „Ристо Шишков’’ Бајруш Мјаку учестува од 2002 година и неколку пати бил во тесна конкуренција за освојување на наградата.

„Иако имам освојувано многу награди, актерското признание на ФКТ „Ристо Шишков’’ ми е посебно драго бидејќи имав среќа како млад актер да се дружам со Ристо Шишков и најслатки ми беа предавањата што ни ги одржуваше, секогаш не учеше како да бидеме свои. Бидејќи ги сакам театарот и сцената, исто  како што ги сакаше и Шишков, пак ќе продолжам да правам претстави и ќе дојдам како гостин да играм на овој фестивал’’ – изјави Мјаку по врачувањето на наградата.

На овогодишниот ФКТ „Ристо Шишков’’  одлуката за престижната актерска награда ја донесе меѓународното жири на кое претседаваше минатогодишниот лауерат Нико Горшиќ.

 

Comments are closed.