Волонтерите од Црвен крст со активности во струмичките училишта

Членовите на Клубот на млади при Црвен крст Струмица одржаа дводневна едукација на ученици од средните училишта „Димитар Влахов’’ и „Јане Сандански’’.

На презентацијата се прикажа едукативно видео за историјатот и постанокот на Црвениот крст и Црвената полумесечина на која дел од средношколците покажа заинтересираност за вклучување во работата во оваа хуманитарна организација.

Како дел од активностите, волонтерите од Црвениот крст поделија и тетратки за почетно пишување на првачињата од ООУ „Маршал Тито’’ во Струмица.

Comments are closed.