Преставени делата од овогодишната Меѓународна струмичка ликовна колонија

Преку четириесет уметнички дела во повеќе техники од дваесет уметници кои учествуваа на Меѓународната струмичка ликовна колонија од 1 – 15 август, синоќа беа изложени во Центарот за култура „Антон Панов’’.

Изложбата е организирана во рамките на одбележувањето на седумдесет години од ослободувањето на Струмица.

„Беше предизвик да се прати процесот на создавање кај една поголема група ентузијасти и искусни творци, а радоста од создавањето на другиот можеа да ја споделат и несебично коментират, да се бодрат и критикуваат. На оваа колонија творците разговараа и можеби тоа е поважно од она што го создадоа, оти никој не може да се види себеси во перспектива и огледало освен покрај себе го има Голијат и Давид, односно себе рамниот’’- вели професор д-р Снежана Филипова.

На овогодишната Меѓународна струмичка ликовна колонија учестуваа сликари и скулптори од Србија, Турција, Бугарија, Полска, Црна Гора, Словенија и Македонија.

Comments are closed.