Се чисти долниот дел од поројот „Крушевска Република“

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го чистат поројот „Крушевска Република“. Скоро 80 насто од неговата површина е целосно исчистена, а моменталните активности се насочени кон најнискиот дел, односно, на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Климент Охридски“.

Освен разновидниот отпад и тревата, се чистат и наносите наталожени од дождовите, особено околу мостот на улицата „Климент Охридски“.

Според најавите од „Комуналец“, комплетното чистење на овој порој треба да заврши во текот на утрешниот ден.

Comments are closed.