Банско доби нова трим патека

Населеното место Банско доби  трим патека  која се протега од центарот на селото  до хотелот „Цар Самуил’’.  Долга  е 760 метри,  широка два метри и ги поврзува најважните културно – историски и туристички обележја во Банско.

Патеката е направена во рамките на спроведување на проектот „Развој на алтернативни форми на туризам – податоци за туризам’’,  инициран од Европската унија преку ИПА прогама за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р Грција 2007 – 2013 година.

„Освен за туристите и посетителите, трим  патеката е наменета и за жителите од Банско, за љубителите на рекреацијата и пешачењето, за гостите во хотелот „Цар Самуил’’ и сите кои сакат да ги посетат архиелошките локалитети и културни обележја, а воедно да го почествуваат и свежиот возудх на планината Беласица’’ –  рече синоќа градоначалникот Зоран Заев на промоција на новата трим – патека како градежна реализација на општина Струмица.

Истата е опремена  со павер елементи, во нејзина должина поставени се 30 клупи и  осветлена е со 40 канделабри.

Трим патеката во Бања Банско прествува една од двесетете патеки за алтернативен туризам кои се мапирани во рамките на проектот „Податоци за туризам’’.  До 6 октомври оваа година,  кога се завршува проектот, планирано е да се  определат и пет патеки во пределот на планината Беласица.

Comments are closed.