Вработените во Општината даруваа крв

Седумдесет години од ослободувањето на Струмица, вработените во општинската организација го одбележаа со учество во крводарителска акција на Црвениот крст и Службата за трансфузиона медицина. Утрово тие даруваа крв, а помеѓу нив како крводарител беше и градоначалникот Зоран Заев.

Како што тој вели, со оваа акцијата Општина Струмица сака да испрати порака на хуманоста и солидарноста.

„Слободата што ја славиме е извојувана со крв, а денеска симблично со дарување на крв сакаме и ние да придонесеме во одбележувањето на денот. Ако се даваше човечкиот живот за слободата, ние со капката на драгоцена течност сакаме  да помогнеме  на многуте човечки животи’’ – рече Заев.

Крводарителската акција на вработените во општинската администрација се одржува по петнаесети пат.

Comments are closed.