Како одигра Турново во изминатите 6 кола во ПМФЛ

Во изминатите 6 кола „Турново“ оствари само две победи, одигра едно реми и во три натпревари беше поразен. Турновци лошо стартуваа во новата сезона, со што сега тие се наоѓаат на 7-то место со 7 бодови. Во овие 6 натпревари фудбалерите на „Турново“ постигнаа 7 погодоци, додека 9 пати беше погодена нивната мрежа. Во првото коло „Турново“ загуби од „Силекс“ со сигурен резултат од 2:0.

Во второ коло исто така фудбалерите на „Турново“ беа порази со мимимални 1:0 од битолски „Пелистер“, додека во третото коло го забележаа убедливиот пораз од „Шкендија“ со високи 5:2. Во првите три кола Турновци немаа освоено бодови, со што беа на дното од табелата. Во 4-тото коло Турновци ги пречекаа фудбалерите на „Брегалница“, со што конечно беше остварена првата победа за фудбалерите на „Турново“ со резултат од 2:1. Во петтото коло фудбалерите на „Турново“ одиграа 0:0 со лидер „Вардар“ со што бодовите беа поделени.

Во изминатото коло односно шетото, „Турново“ убедливо славеше на гостински терен кај „Тетекс“ со резултат од 0:3. Шест одиграни кола, седум освоени бодови. Во следното коло кое што ќе се одигра во недела со почеток од 16 часот „Турново“ на домашен терен го пречекува „Металург“ кој што се наоѓа на третото место со 11 бодови, со што оваа е тежок натпревар за фудбалерите на „Турново“.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.