Струмичкиот кошаркар Кирил Панов заминува во шпански клуб

Од оваа сезона новиот македонски кошаркарски бисер Кирил Панов ќе биде нов член на екипата на BC TERRA ALFAS од Шпанија –филијала на Барселона.

Имено, во месец јуни,2014  играчот на КК „Ролинг 08’’Кирил Панов беше на петдневна проба во шпанскиот кошаркарски гигант Барелона, чии челни луѓе решија веднаш да го ангажираат во нивната филијала BC TERRA ALFAS.

„Тоа е огромен успех за младиот играч и екипата на КК РОЛИНГ 08 која покажа дека е расадник на млади таленти. Најзаслужен за овој трансфер, покрај луѓето од КК „Ролинг 08’’ е и скаутот Бојан Златковски кој заврши огромна работа. И во иднина ќе има соработка со него и се надеваме дека и други млади играчи од нашиот клуб ќе имаат можност да играат во најјаката европска лига –шпанската’’ -  изјави Антонио Иванов од КК „Ролинг’’.

Comments are closed.