Започна со реализација проектот „Активно вклучување на жените во процесот на донесување на одлуки’’

Како дел од проектот „Активно вклучување на жените во процесот на донесување на одлуки’’, преставниците на Организација на жени – Струмица денеска одржаа работен состонок со членовите на Комисијата за еднакви можности на кој се запознаа со моменталните активности на проектот.

Како што вели Ленче Христова, мал број на жени учествуваат во креирање на стратегии и важни одлуки на локално ниво.

„ Како носители на проектот, поднесовме барање за информации за родова структура во Струмица, а овие информации подоцна ќе бидат на располагање на сите инстутуции’’ – вели Христова.

Во наредниот период во рамките на проектот ќе се реализират средби со жени од десет населени места на кои ќе се информираат за мехнизмите за учество за креирање на значајни одлуки во општина Струмица. На последната работилница со консензус ќе се одлучат приоритетите кои ќе се предадат до Советот и градоначалникот.

Проектот „Активно вклучување на жените во процесот на донесување на одлуки’’ е финансиски подржан од општина Струмица.

Comments are closed.