Пијан струмичанец нападнал полициски службеник

На 08.09.2014 година во кругот на СВР-Струмица, дошол М.Д.(41) кој започнал да го омаловажува полицискиот службеник незадоволен бидејќи не му бил пронајден моторциклот, кој го пријавил за одземен истиот ден. М.Д. бил предупреден да не го нарушува ЈРМ, но тој и понатаму продолжил со нарушувањето и побарал прием кај сменоводителот во ПС.

Откако на М.Д. бил замолен да почека бидејќи имало други странки, истиот почнал да го влече за палтото од униформата полицискиот службеник и со тупаница го удрил во пределот на градите и во пределот на рамото.

Истиот бил доведен во послушност и при алкотестирање на пријавениот било утврдено присуство на алкохот од 1,82 промили. По целосно документирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.

Comments are closed.