Убедлива победа за Беласица, Тиверија поразена во третото коло

Фудбалерите на „Беласица’’ на гостински терен кај „14 Октомври 1946’’ убедливо славеа со високи 1:8 во рамки од третото коло во третата Македонска фудбалска лига – исток. Со оваа убедлива победа „Беласица’’ сега се наоѓа на лидерско место заедно со „Плачковица” кои што имаат по 9 освоени бодови.

Беласица во следното коло на домашен терен ќе ги пречека фудбалерите на „Овче Поле’’ кој што се рангирани на 5-тата позиција со 4 бодови. „Тиверија’’ на домашен терен беше поразена од „Осогово’’ со сигурни 0:2, со што од 6-тата позиција се преселина ја 9-тата позиција. Фудбалерите на „Тиверија’’ во следното коло гостуваат во Радовиш каде што силите ќе одмерат со „Плачковица’’. Лидер на табелата како што веќе споменавме е „Беласица’’, а лидерското место го дели заедно со „Плачковица’’ кој што имаат по 9 бодови. На дното од табелата и понатаму остануваат „14 Октомври 1946’’ и „Работник Џумајлија’’ кои што засега немаат освоено бодови.

 Автор: Александар Ванев

Comments are closed.