Три кражби за седум дена во Струмица

Минатата недела во Струмица од продавница, моторно возило и куќа украдени се пари, мобилни телефони и цигари во парична вредност од 100 илјади денари, известуваат од СВР Струмица.

Во периодот од 1 – 8 септември на подрачје на општина Струмица се случиле три сообраќајни незгоди, пријавени се 6 случаи на нарушување на јавен ред и мир и спроведени се три акциски контроли.

Полицијата систематски контролирала возила, возачи кои управувале под дејство на алкохол како и прекршоци кај пешаците.

Comments are closed.