Импровизиран напад на градот по повод 70 години од ослободувањето

На 11 септември 2014 година се навршуваат 70 години од ослободувањето на градот Струмица. За таа цел општина Струмица заедно со припадници на АРМ, организира симултан – импровизиран напад на градот Струмица при што ќе се пука по улиците на градот со употреба на маневарска муниција.

Предвидено е оваа активност да отпочне во 06,00 часот наутро на 11.09.2014г. (четврток) и тоа на следниот начин:

Прв пункт:

Собирно место:Двор на основно општинско училиште „Маршал Тито“ – Струмица

Движење на војниците:По улиците „Кирил и Методиј“, „Јоска Јосифовски Свештарот“, „Сандо Масев“ и „Благој Мучето“ и завршува на плоштадот „Гоце Делчев“.

Втор пункт:

Собирно место:Двор на средно општинско училиште „Димитар Влахов“ – Струмица

Движење на војниците:По булеварите „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“ и завршува на плоштадот „Гоце Делчев“

Трет пункт:

Собирно место:Кај Пензионерски дом – Струмица

Движење на војниците:По булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“ и завршува на плоштадот „Гоце Делчев“.

Од секој пункт ќе тргнат 4 до 5 војници и пукајќи ќе се движат по наведените улици.

Comments are closed.