Започна Фестивалот на камеран театар „Ристо Шишков’’

Градоначалникот Зоран Заев синоќа го прогласи почетокот на дваесет и вториот Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во НУЦК „Антон Панов’’, а честа први да ја отворат театарската сцена им припадна на шабачкиот театар и претставата „Ќелавата пеачка“.

Во петте дена од фестивалот, публиката ќе може да ужива во десет претстави од шест држави – Бугарија, Косово, Србија, Македонија. Турција и Словенија. На 12 септември од шеесетина актери ќе биде прогласен најдобриот, а за високи актерски достигнувања тој ќе добие златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.

Претседател на жирито комисијата е минатогодишниот лауерат Нико Горшиќ од Словенија.

Comments are closed.