Струмица го одбележи Денот на независноста на Македонија

Со полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на Гоце Делчев и читање на револуционерна поезија на учениците од Домот за деца и млади “Благој Мучето”, во Струмица се одбележи големиот државен празник Денот на независноста на Република Македонија.

За историографијата на празникот зборуваше претседателот на Советот, Јосиф Христов, а на свеченоста присуствуваа, преставниците на Општина Струмица, политичките партии, институции и Сојузот на борци.

Comments are closed.

Web