21 годишен струмичанец нападнал 35 годишна жена во својата куќа

Вчера околу 21,40 часот во Струмица, во куќата на С.П.(35),  влегло непознато машко лице на возраст од околу 20 години, се приближило до нејзината четиригодишна ќерка и ја бакнало во пределот на главата. Таа не изреагирала веднаш, мислејќи лицето е другар на нејзиниот син, но откога увидела дека влегло само, го запрашала што бара во нејзината куќа. Истиот се приближил до неа, силно ја гушнал, фаќајќи ја за градите и обраќајќи и се со зборовите: „Дојдов да ве сакам“. Таа се обидела да го отргне од себе, но бидејќи истиот ја повторил постапката неколку пати,  почнала да вика за помош, по што пристигнал нејзиниот девер и успеал да го отргне лицето и да го задржи до доаѓање на УПС од ПС-Струмица.

По извршеното легитимирање, утврдено е дека се работи за Н.Б.(21) од Струмица, кој, и понатака и во присуство на УПС покажувал знаци на хиперактивност и неконтролирано однесување, соблекувајќи се гол.

Н.Б. е однесен во МЦ-Струмица на Нервно Одделение, каде од страна на лекар е констатирано дека се работи за лице со пореметена психолошка структура на личноста.

За настанот е запонат ЈО и против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Comments are closed.