ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗОРАН ЗАЕВ ПО ПОВОД 8. СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Почитувани сограѓани, Македонија е наше вчера, денес и утре, наш дом, наша љубов и верба…Македонија е аманетот кој го наследивме и аманетот кој ќе им го оставиме на нашите чеда.  Македонија е местото каде што си тежи нашиот камен. За таа Македонија се мечтаело, во таа Македонија се верувало, за таа Македонија, со пот, солзи и крв се напишани страници и  страници богата историја.

8. Септември е еден од поновите, но еден од најсветлите датуми од таа историја, денот кога граѓаните на Македонија го кажаа своето непоколебливо референдумско ДА за независност на својата татковина.
Она што за многу генерации Македонци беше само недосонуван сон, за нас е едно убаво јаве кое трае веќе 23 години. Самобитноста на родната ни земја треба да се слави, да се почитува, но и да се негува за да се сочува за вечни времиња. Ако вистински ја сакаме Македонија и ако дадеме несебичен влог за нејзин мир, благосостојба и просперитет, тогаш ќе си го заслужиме неограничениот рок на нашата гордост.
Нека ни е честит Денот на независноста на татковината.
Нека ни е благословена и вековита Република Македонија.

Зоран Заев
Градоначалник на општина Струмица

Comments are closed.