КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ! –ЦСЈ ЛИНГВА НОВА

ВОЗРАСНИ,

потребата за познавање на странски јазици не постои само за “помладите”, како што обично знаеме да кажеме, туку новото динамично време вакви потреби ни наметнува и нам возрасните. Дали при вработување или напредување во работата, дали при патување или иселување за живеење во некоја странска земја или во секојдневието ( користење интернет, гледање филмови, слушање музика, комуникација со роднини и пријатели од странство итн.) потребата од познавање на странски јазик е секогаш актуелна. Постојат безброј причини зошто да учите странски јазици. Секој со својата причина, но со една единствена цел- надминување на најважната јазична бариера која би можела да постои за Вас во комуникацијата со останатиот свет. Вашите можности за учење после завршувањето на образованието не се опаднати, ниту ограничени. Како што за телото е важна физичката активност, така за умот е важна менталната активност со што умот се одржува млад. Поставете му предизвик! Учете странски јазици со Лингва НОВА и ќе Ви докажеме дека секое животно доба е идеално време за учење странски јазици.

-       Стандардни, забрзани или индивидуални курсеви

-       Јазична курсеви за јавна администрација

-       Подготовка за полагање на меѓународни испити (IELTS,TOEFL,FCE..)

-       Издавање потврди за познавање на одреден странски јазик

 

Comments are closed.