Крадци на ореви го натепале сопственикот на нивата во с.Ангелци

Вчера околу 12,00 часот во атар на с.Ангелци-Струмица, кај месноста .„Тенкиот пат“ или „Ковачница“, З.Т.(49) од Струмица, отишол да го види своето лозје, по што затекнал како 2 лица вршат кражба на ореви од нивата.

Кога отишол и им ги земал оревите,  настанала расправија помеѓу нив, по што лицата си заминале. По кратко време тие дошле со уште 2-3 лица и почнале да го удираат З.Т. во пределот на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Неможејќи да се справи со истите, побарал помош од присутните во соседните ниви, по што дошле В.К.(52) и В.Т.(69), кои кога виделе дека е повреден, го качиле во тракторска приколка и го однеле во с.Ангелци, од каде го пренеле во Медицинскиот Центар-Струмица, каде му се констатирани тешки телесни повреди во пределот на главата.

Поради сериозноста на повредите и во неконтактибилност, истиот е пренесен во Ургентен Центар-Скопје. По обавениот разговор со В.К. и В.Т., утврдени се можните извршители на делото.

Во полициската станица приведени се М.П.(23) и Ѓ.П.(14) од с.Ангелци-Струмица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите сторители.

Comments are closed.