Екипата на „ФМП’’ победник на „Стрит баскет 2014’’

Екипата „ФМП’’ е победник на четвртиот „Стрит баскет 2014’’ што се одржа од 5 – 7 септември во дворот на гимназијата „Јане Сандански’’.

Тие беа најдобри од 19-те екипи што учествуваа на кошаркарскиот натпревар и за освоеното прво место добија парична награда од 15 илјади денари. Второпласирана е екипата „Мед и млеко’’ која доби награда во износ од 8 илјади денари додека екипата „Селект’’ за третата позиција доби 4 илјади денари.

Како најдобар играч, за МВП е прогласен Филип Спасов.

Пехарите на најдобрите екипи на овогодишниот турнир им ги додели градоначалник Зоран Заев.

Покровители на „Стрит баскет 2014’’ се градоначалникот Зоран Заев, Општина Струмица и Младинскот совет.

Comments are closed.