Фестивал на камеран театар „Ристо Шишков’’ – сите убавини и обележја на Струмица

Дваесет и вториот Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков” започнува утревечер во 20 часот со свечено отварање.

Како манифестација по која Струмица се препознава во земјава, фестивалот се одржува од 1993 година во чест на великанот на македонското актерство, Ристо Шишков, а од 2005 година тој добива и меѓународен карактер.

Бројот на театарските претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година, а карактеристично е да после секоја претстава се одржува тркалезна маса на актерите од претставата со публиката.

На фестивалот се доделува единствена награда, златен медалјон со ликот на Ристо Шишков за високо актерско достигнување и парична награда од 1500 € во денарска противвредност.

 

Comments are closed.