Од утре започнува недела на свечености во Струмица

Со свечена церемонија за одбележување на големиот македонски празник и свечено отварање на 22 Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков’’, од утре во Струмица започнува недела на празнување по повод Денот на независноста на Република Македонија (8 септември) и Денот на ослободувањето на Струмица (11 септември).

Како дел од програмата предвидени се спортски игри односно турнир во мал фудбал за средните и основни училишта на 9 и 10 септември. На 11 септември ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот 70 години од ослобудувањето на Струмица, ќе се положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата и ќе се засади дрвце на другарувањето во Алејата на младите во Градскиот парк.

На истиот ден од 20:30 часот во ќе се отвори изложба на дела од овогодишната Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Од 12 – 14 септември ќе се одржи Меѓународен турнир во одбојка за жени, а потоа и дводневен планинарски марш по повод одбележувањето на јубијелот 1000 години од Битката на Беласица (13 и 14 септември

Comments are closed.