КУРСЕВИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ! – ЦСЈ ЛИНГВА НОВА

СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ, ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ И ЗАПИШЕТЕ СЕ НА ЈАЗИЧЕН КУРС ВО ЛИНГВА НОВА!

 

СРЕДНОШКОЛЦИ, Вие се наоѓате на крстопат во Вашиот живот кога треба да го насочите Вашето понатамошно образование, а со тоа на еден начин да ја изберете Вашата идна професија. Познавањето на странските јазици е нужност која се наметнува како за понатамошното образование овде или надвор од државата, така и за Вашето вработување и градење на успешна кариера! Но, сега додека сте уште средношколци, доколку имате потреба од помош при учење  странските јазици или сакате само да го надоградите знаењето , подготовка за екстерно тестирање или државна матура, искористете ја можноста оваа учебна година да посетувате јазичен курс во Лингва НОВА!

СТУДЕНТИ, Вие со изборот на насоката на Вашите студии на некој начин сте ја избрале вашата идна професија. Сигурно секојдневно се соочувате со потребата и хендикепот од непознавањето на некој странски јазик. За време на студиите, а уште повеќе после нивното завршување познавањето на некој странски јазик и дипломата како доказ за тоа ќе бидат клучни при аплицирање и добивање на работно место. Познавањето на странски јазик е основниот услов за вработување кој се бара како надвор од Македонија, така веќе и во речиси секоја фирма во нашата земја.

ПОСТОИМЕ ЗА ВАС, ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ ДА ГО РАЗБЕРЕТЕ СВЕТОТ!

Comments are closed.