Во Струмица вечерва финале во улична кошарка

„Селект’’, „Штурци’’, „Жанина’’, „Мед и млеко’’, „ФМП’’, „Харибо’’, „Фер плеј’’и „Босилово се екипите кои вечерва ќе се натпреваруваат за победник на кошаркаскиот турнир „Стрит баскет Струмица’’.

Четвртфиналето почнува во 18 часот, а потоа ќе се одржи полуфиналето и финалето со  свечено доделување на награди. Екипата која ќе го освои првото место ќе биде наградена со 15 илјади денари, второпласираните со 8 илјади денари додека за третото место наградниот фонд изнесува 4 илјади денари.

Како и секоја година, на турнирот ќе се прогласи и најдобриот играч, а ќе има и подароци за публиката.

„Стрит баскет Струмица’’ се одржува четврти пат во организација на Општина Струмица и Младински совет.

Comments are closed.